Пишува доктор Анастасија Халдин за НМД.мк

Лукот и медот секој посебно имаат силни лековити својства, а заедно се моќна комбинација. Доколку направите ферментиран производ од овие две намирници, ќе добиете дополнително здрав пробиотик кој ќе ве одржува здрави преку целата зима.

Лукот најчесто се користи во кујната во комбинација со други зачини за подобрување на вкусот на јадењата. Уште многу одамна тој се сметал за еден од најефикасните лекови против разни болести, а доколку се консумира во комбинација со мед на празен стомак, максимално ќе му користи на организмот.

Се чини дека медот и лукот секогаш на врвот по лековитост од сите други намирници. Меѓутоа, најздрави се кога се јадат сирови, а уште поздрави кога се во ферментирана форма. Се смета дека оваа комбинација може да го спречи дури и ракот.

Како се прави оваа лековита мешавина?

Медот само ги засилува корисните својства на лукот. Ако јадете мед со лук една седмица на празен стомак, значително ќе го подобрите вашето здравје. Можете да приготвите паста од мед и лук, а може да приготвите и ферментирана мешавина. Двата рецепти прочитајте ги во продолжение.

РЕЦЕПТ ЗА ПАСТА ОД ЛУК И МЕД. Потребни состојки: 1 шолја пчелин, органски мед, 10 чешниња лук. Постапка:

Сомелете го излупениот лук во блендер. Ставете го во тегла и додадете го медот. Затворете ја теглата и оставете ја на ладно место една седмица. Консумирајте го лекот секој ден по една лажица на празен стомак во текот на седум дена. Потоа, направете пауза од една седмица, па повторете го третманот.

Придобивки од лекот: ја подобрува циркулацијата на крвта, го регулира крвниот притисок, го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта, ги намалува воспаленијата, го зајакнува имунитетот, ја ублажува кашлицата и го лекува телото од настинки и грипови

Додека го користите овој лек, се препорачува да одбегнувате масна храна, шеќер и брза храна.

ФЕРМЕНТИРАНА МЕШАВИНА ОД ЛУК И МЕД – Потребни состојки: Лук по потреба и мед по потреба. Постапка:

Со страничниот дел од ножот притиснете го лукот. На тој начин полесно ќе го излупите и ќе го нагмечете доволно за да се ослободи алицинот од него или едноставно само засечете ги чешнињата. Наполнете ја теглата со исчистен лук колку што можете и прелијте со квалитетн пчелин мед.

Теглата лабаво затворете ја или оставете ја малку подотворена и ставете ја на некое темно место. Лукот веројатно ќе лебди на површината. Сировиот вистински мед содржи корисни ензими кои се потребни за да започне ферментацијата. Доколку користите неквалитетн или лажен мед, тогаш ферментацијата нема да започне.

Под теглата ставете чинија. За неколку дена ќе забележите меурчиња. Затворете го цврсто капакот и превртете ја теглата за сите чешниња лук убаво да се натопат во медот. Потоа вратете ја назад теглата и повторно разлабавете го капакот за да може ослободен гас да излагува.

Оставете ја теглата да ферментира еден месец, на темно и ладно место, а потоа чувајте во фрижидер. Јадете по едно чешне со мед наутро на гладно. Мешавината станува лековита уште после три дена, па доколку сакате можете уште веднаш да започнете да ја консумирате.