Кучето го моли сопственикот: Ова што го гледате на фотографијата, навистина се случило! Фотографијата не е монтирана ниту фотошопирана. Се случило токму она што го гледате на фотографијата: кучето го молело својот сопственик да не го остава тука!

Ако некогаш сте се прашувале дали кучињата имаат чувства и дали чувствуваат кога нивното омилено семејство ќе одлучи да ги остави, Кеси ќе ви одговори наместо нас. Овој претажен мешанец од лабрадор и ловџиско куче, бил миленик на едно американско семејство.

Меѓутоа, во еден момент сопственикот одлучил дека повеќе не му е потребно куче, па го одвел во локалниот азил за напуштени животни и ладнокрвно го оставил. А во тој момент била снимена оваа фотографија од страна на еден од вработените.

Кеси ги ставила шепите врз ногата на својот сопственик и со тажен поглед го молела да не ја остава тука. Нејзината тага и љубов не допреле до срцето на нејзиниот сопственик, па ја оставил и си заминал засекогаш. Кеси останала да живее во азилот каде „рокот на живот“ е 60 дена.

-Прво, ова куче е нешто најслаткото што сме го виделе во изминативе неколку години. Кога  ја оставија беше длабоко преплашена и тоа се гледаше на неа – изјавиле вработените.

-На овие кучиња кои ги оставаат им е потребен сопственик кој ќе ги сака, а особено на Кеси. Нејзе и е потребен некој кој ќе ја сака засекогаш и ќе ја чува на сигурно.

Иако не можеме да и помогнеме на кеси во далечната Америка, оваа вест и нејзината фотографија ја споделуваме, за да ја видат што повеќе луѓе колку кучињата патат кога сопствениците ги оставаат.