Еве доказ дека нови работи можеме да научиме од помладите. Овој рецепт го научив од ќерка ми и многу ми се допаѓа. Погодна е за специјални пригоди.

Потребни состојки за фил:

250 г путер
125 г маргарин
250 г шеќер во прав
16 жолчки
250 г чоколадо за готвење

За кора (се печат 4 вакви кори во калап 28 см):
(Или 2 кори х 8 белки во плех 25х39 см)

4 белки
4 лажици шеќер
2,5 лажици фил
75 г мелени ореви

За прелив на тортата:

120 г слатка павлака
100 г чоколадо

Постапка:

За оваа торта потребно е прво да се направи филот. Путерот и маргаринот пенасто се матата, па се додава шеќерот во прав. Се мати уште малку, па се додаваат 16 жолчки, една по една.

Додека ги кршите јајцата, веднаш белките распоредувајте ги во 4 садови по 4 белки, бидејќи тие ќе ви бидат потребни за корите.

Растопете 250 г чоколадо за готвење, па во него додадете го филот од жолчки. Оставете малку да се излади зошто чоколадото е врело кога ќе се растопи.

За кори: За оваа торта се печат 4 кори од по 4 белки, со 4 лажици шеќер, се додаваат 2,5 лажици фил и 17 г ореви.

Се матат белките во цврст снег, се додава шеќер и уште малку се мати за да се растопи шеќерот. Кога ќе се додадат мелените ореви и филот треба внимателно да се измеша смесата со лажица за да остане воздушеста, а потоа рамномерно да се распореди во калап за торти 28, кој претходно сте го обложиле со хартија за печење.

Ставете ги да се печат по 14-16 минути секоја кора, во загреана рерна на 180 степени.

Наместо во калап за торти, оваа торта можете да ја печете во плех со димензии 25х39 см, меѓуто во овој случај се печат 2 кори со по 8 белки, а потоа се сечат на половина за да добиете повторно 4 кори.

Изладените кори филувајте ги со кремот, а тортата одозгора прелијте ја со чоколадниот прелив: загрејте ја течната павлака и пред да зоврие тргнете ја оган, па додадете чоколадо искршено на коцки, па мешајте за да се растопи. Оставете малку да излади, па прелијте ја тортата.