За да ги офарбате јајцата како галаксија потребни се темперни бои во повеќе бои:

-црна

-сина

-виолетова

-кафеава

-бела боја.

Потоа, потребни ви се четка за бојадисување и мало сунѓерче.

Постапка:

Претходно сварените и изладени јајца обојте ги целосно со црна темперна боја и оставете ги да се исушат. Потоа на јајцата додадете  им малку сина боја, но без користење на четка, туку со тапкање со мал сунгер.

Откако сината боја ќе се исуши, додадете малку виолетова, сито така со сунѓер, а потоа на некои места и кафеава.

Откако и таа ќе се исуши, земете бела боја и измешајте ја малку со вода, а потоа со четка за фарбање или со четка за заби испрскајте така да добиете ситни бели точки.

Кога целосно ќе се исуши премачкајте го јајцето со намастено крпче.