За некого магијата и тајните учења кои се пренесувале низ вековите, станале религија. Колку и да ви се чини апсурдно и неверојатно, сепак луѓето од 21.век сè уште бараат совети од гатачи и бајачи, а за помош неретко и се обраќаат и на магијата.

Гатачката Р.Д. вели дека најчесто луѓето одат кај неа за некоја болест,  за љубов, неверство, кариера и пари.

Најчесто употребуваните бајалки се оние со плоснат камен, коњска потковица, варено јајце, отпечаток од стапало…

Следниот ритуал што ќе го прочитате, се користел уште многу одамна, го користат млади девојки, а има пророчка цел:

Ако некоја девојка посака во сон да го види својот иден маж, треба да свари едно јајце.

Свареното јајце треба да го излупи, а белката внимателно да ја пресече на две еднакви половини.

Целата жолчка се вади и се валка во сол, па повторно се враќа во двете половинки на белката.

Пред спиење девојката мора да го изеде ова јајце, но после тоа не смее да пие вода.

Во сон ќе го види оној маж кој и е суден да и биде сопруг, како и носи вода за да ја изгаси жедта.

Најчесто девојките после сонувањето на овој сон се будат и го запамтуваат.