Жените честопати се соочуваат со ваг-инални инфекции поради многубројни причини. Најчесто инфекциите се манифестираат преку јадеж, пецкање и непријатен мирис кој потсетува на мирисот на риба. Меѓутоа, голем број жени бактериската ваг-иноза погрешно ја заменуваат со габичната инфекција.

Бактериска ваг-иноза е претеран развој на бактерии во ваг-ината и предизвикува ширење на силен мирис кој потестува на риба. Истиот мирис го произведува и трихомонијазата, пол-ово пренослива болест која ја предизвикува паразитот Trihomonas vaginalis.

Исто така, носењето на тесна облека може да предизвика непријатен мирис во пределот на ваг-ината, а тоа се случува затоа што потта и бактериите остануваат заробени на кожата поради таквата, најчесто синтетичка облека. Како причина може да се наведе и прекумерната телесна тежина:

Вишокот кожа, поради која се јавуваат набори на кои остануваат пот и нечистотија, исто така се извор на непријатен мирис. Ваг-иналниот мирис може да се менува и во текот на мен-струалниот циклус. Исто така, се случува жените додека вежбаат да излачат малку урина, а носењето на влошки во тој момент може да го предизвика несаканиот мирис.

Доколку жената е загрижена во врска со ваг-иналниот мирис, би требало да посети лекар кој ќе ја открие причината со спроведување на рутински тестови и ќе увиди дали проблемот може да се реши со терапија.

Од друга страна, ако причината на мирисот е инфекција, пациентката ќе добие антибиотик или некој друг третман кој ќе ја отстрани причината за непријатниот мирис. На крај, да разјасниме и за тоа, како да бидете сигурни дека имате проблем таму долу и дека непријатно мирисате.

Како што потврдија одреден број гинеколози, доколку мирисот што го имате може да го почувствува лице кое е само на чекор од вас или уште подалеку, значи дека имате проблем и дека треба да се јавите на лекар и да побарате стручно мислење, односно помош.