ХИТ ТОРТА од лешник, кокос, бисквити – Сите ми го бараат рецептот!

Оваа торта стана апсолутен хит, сите ми го бараа рецептот!

Потребни состојки:

1 литар млеко
2 пудинг од ванила
250 г шеќер
3 ванилин шеќер
1 чоколадо за готвење
200 г мелени лешници
200 г кокос
200 г мелени бисквити
1 кутија пепит бисквити
2 шлаг пена
250 г путер/маргарин

Постапка:

Пудингот разматете го со малку млеко, а остатокот ставете го со шеќерот да се свари.

Со постојано мешање додавајте му го разматениот пудинг додека да згусне, а потоа тргнете го на страна да излади.

Кога пудингот ќе излади, помешајте го со пенасто изматен путер и ванилин шеќер, па добиениот крем поделете го на 3 еднакви дела.

Во првиот дел додадете растопено чоколадо и лешници, во вториот кокос, а во третиот мелени бисквити.

Редете: ред бисквити, прв фил, ред бисквити, втор фил со бисквити, ред бисквити, трет фил со кокос, ред бисквити, шлаг.

Loading...