Ако сте уморни од модерниот комфорт и сакате да почувствувате вистинско единство со природата – добредојдовте на островскиот хотел Гранд Парк Кодипар на малдивскиот архипелаг. Овде можете да ја поминете ноќта под отворено небо, додека го слушате шумолењето на ѕвездите и бранувањето на морето.

Наместо кревет добивате мрежа, а гостите на ексклузивното летувалиште на Малдивите забораваат на се’ кога ќе легнат на неа.

Ако сакате да преноќите една ноќ во ова летувалиште, сместено на Малдивите, ќе ве чини 400 долари, а според зборовите на оние кои веќе биле таму – вреди секој долар.

Секоја од 120-те вили кои го сочинуваат овој луксузен комплекс, им нуди на туристите единствена можност да преноќат под ведро небо.

Покрај традиционалните спални соби, надвор се поставени мрежи, на кои можете удобно да се сместите и да ја поминете ноќта.

Под вас се бранува океанот, а над вас – поглед на ѕвездено небо. Не е ни чудо што ова место стана толку популарно на Инстаграм.

До ова рајско место, од престолнината на Малдиви се стига со бротче за 20 минути.

Очигледен минус е тоа што соседите можат да ве гледаат цела ноќ. Од друга страна, за егзибиционистите тоа е токму она што го сакаат!

Право од креветот се нуди поглед на океан кој ве остава без здив. А какви се само зајдисонцата…

Останува само да се види дали навечер ќе започнат да досадуваат некои други суштества освен соседите.

Дали вие би посакале да уживате во еден ваков одмор?