Пилешката супа има значително добро влијание врз прочистувањето на затнатиот нос, а помага и во намалување на слузта во белите дробови, како и на белите крвни зрнца во борбата против настинките.

Во повеќе култури пилешката супа се смета за лековито јадење и често се вели дека тоа е природен антибиотик. Иако научниците не успеаја да ги откријат механизмите според кои пилешката супа има позитивно влијание, сепак неколку истражувања потврдиле дека пилешката супа, помеѓу другото, помага во одзатнувањето на носот и грлото.

Во Кина пилешката супа им се дава на жени после бременост и на повозрасни години, зошто се смета дека и на двете групи им е потребна храна која загрева и пренесува енергија низ телото и има закрепнувачки ефект.

Еден од најстарите пронајдени рецепти датира од 2 век, токму од Кина, каде во пилешката супа се додаваат разни билки за да се засили нејзиното лековито делување.

Со текот на годините пилешката супа со тестенини (фиде) стана многу популарно јадење, а се разменуваат рецепти низ разни делови од земјата.

Грчкиот лекар Гален, исто така во вториот век препорачувал пилешка супа за лекување на мигрена, опстипација, висока температура и други тегоби. Кон крајот на Средниот век, еврејскот филозоф и лекар Мосес Маимонидес препорачувал пилешка супа за слаби и болни лица.

Меѓутоа, пилешката супа останала јадење кое не се консумирало често се до 15 век, кога одгледувањето на кокошките започнало да го надоместува недостигот на друг вид месо, па луѓето започнале редовно да јадат пилешка супа.

Како и во кинеската, така и во еврејската традиција им се давало пилешка супа на жени кои родиле и на болни луѓе, а притоа бил развиен и обичја пилешката супа да се сервира со ориз.

После Втората светска војна еврејските емигранти ја популаризирале пилешката супа во Америка каде честопати се нарекувала “Еврејски пеницилин”.

Иако се смета дека пилешката супа има лековити особини, научниците се’ уште не успеале да откријат сошто токму оваа супа, или која нејзина состојка, има позитивно влијание врз здравјето.

Еве што се’ преку истражувања е откриено:

-пиењето пилешка супа го одзатнува носот и благопријатно делува на грлото.

-помага во намалување на слузта во белите дробови, а уште подобар ефект има доколку супата е зачинета со црн пипер.

-помага во борбата против настинките и го зајакнува имунитетот.

-има противвоспалителен ефект, кој се должи на калциумот кој се зголемува со должината на готвење на супата.

-помага кај болни коски и зглобови, ја обновува кожата, смирува воспалителни процеси во цревата, го јакне имунитетот и општо за забрзува опоравувањето на болниот.

-има и смирувачки ефект, па може да се каже и дека ја лекува душата.

Значи, доколку во сезона на настинки, вирози и грип започнете да се чувствувате лошо, започнете да консумирате домашна хранлива пилешка супа.