Кога вашиот организам е здрав, има моќна армија која го брани од можни грешки и инвазија од страни тела, како што се вируси, бактерии и паразити. Таа армија е нашиот имунолошки систем, комплексна мрежа од специјализирани клетки и органи кои работат напорно за да направат разлика помеѓу себе и ” nonself “, односно, помеѓу она што си и она што не си.

Главното оружје на имунолошкиот систем е да создаде антитела кои ќе се борат против бактериите и другите страни тела. За жал, одбранбената војска понекогаш може погрешно да ги идентификува своите клетки како туѓи. Ова се нарекува автоимунитет, при што имунолошкиот систем не успева да ги препознае сопствените клетки, па произведува антитела против сопствените ткива, исто така, познати како автоантитела.

Тоа наликува на војна против себеси, на вашиот имунолошки систем, од една страна, и вашите здрави клетки од дрга страна. Автоимунитетот доведува до хронично воспаление и оштетување на ткивата, болка и загуба на функцијата.

За жал, бројот на луѓе со автоимуни заболувања драстично се зголеми во изминатата деценија, од кои најзагрозени се жените.

Научниците сеуште немаат точни одговори зошто токму жените се поподложни на автоимунитет, а водечките хипотези се сомневаат на комплицираното взаемно дејствување на генетска предиспозиција, хормони, исхрана, стрес и други фактори.

Она што ја разликува една автоимуна болест од друга, е типот на ткивото кое е нападнато. На пример, Хашимото тироидитис е насочено кон клетките на тироидната жлезда; Мултиплекс склерозата го напаѓа миелинот на нервните клетки; Ревматоидниот артритис вклучува антитела кои ги напаѓаат зглобовите, додека целијачната болест вклучува антитела кои ги напаѓаат цревните клетки.

Без разлика на одредената болест, основната причина е хиперактивниот имунолошки систем, со што се објаснува зошто автоимуните заболувања најчесто се третираат со стероиди и други лекови за имунолошко-потиснување.

Sидот на цревата (слузницата) е составена од еден слој мали клетки кои овозможуваат премин на хранливите материи, додека бактериите, големите протеини и други токсини, ги задржуваат. Всушност, цревата се прилично токсично место, за кое ретко сакаме да размислуваме.

Меѓутоа, ние внесуваме многу токсини на дневна основа, почнувајќи од маргаритата како пијалак, до воздухот кој го вдишуваме. Затоа, здравиот стомачен ѕид е од клучно значење за одржување на силен имунитет и целокупно општо здравје.

Очигледно, мајката природа мислела на тоа, па затоа 70% од нашиот имунолошки систем е во и околу ѕидот на цревото! Кога доаѓа до оштетување на цревната слузокожа доаѓа до појава на цревен хиперпермабилитет, што во суштина се преведува со “претерано порозна цревна слузокожа.”

Кога ѕидот на цревото ќе развие мали дупки, тоа е исто како да сте ја оставиле вратата од домот ширум отворена, без надзор, дозволувајќи им на сите лоши момци да влезат внатре и направат неред.

Имајќи во предвид дека ѕидот на цревото е само тенок слој од клетки, може лесно да се замисли како отровите често ја користат пригодата да си го најдат својот пат до остатокот од организмот. Токму тоа се случува кога имате дупки во цревото: несаканите токсини го активираат имунолошкиот систем и предизвикуваат воспаление на ткивото.

Тоа не е толку страшно доколку е краткотрајно, бидејќи имунолошкиот систем е дизајниран да се справи со ваквите прекршувања на безбедноста. Но, во текот на подолг рок, имунолошкиот систем станува поразен, дозволувајќи им на токсините да навлезат во нашата системска циркулација.

Преку процес познат како транслокација, овие токсини може да патуваат во речиси секој дел од телото и да поттикнуваат воспалителна имуна реакција.

Меѓутоа, со окритието на ендогените молекули, зонулин, на д-р Алесио Фасано од Медицинскиот факултет Харвард, Масачусетс, дојде до пресвртна точка во научното разбирање на автоимуната болест.

Со докази дека цревата природно посредуваат во својата порозност со ослободување на зонулин од ѕидот на цревото, истражувачите конечно се во можност да се здобијат со подлабоко разбирање за причините кои доведуваат до дупки во стомакот.

Имено, откриено е дека многу различни нешта можат да доведат до оваа состојба, како што се одредени лекови (на пр.НСАИЛ, ибупрофен или стероиди), хроничен стрес, алкохол и одреден вид храна.

Сепак главните предизвикувачи за производство на зонулин се глутенот и некои други анти-хранливи материи од храната кои предизвикуваат дисбаланс на природната микрофлора во цревата.

Ова е причина за да го преиспитате вашиот избор на храна уште денес.

Околу 90% од населението денес се бори со воспаленија кои доведуваат до проблеми како што се: автоимуна болест, забрзување на стареењето, дебелина, шеќерна болест и други сериозни болести.

Меѓутоа, при лекувањето, фокусот не треба да биде насочен кон маскирање на симптомите од болеста, туку во пронаоѓањето вистинската причина за воспалението и пореметениот имунолошки одговор: исхрана и начин на живот.