Интересни податоци за оревот.

Верувањата предупредувале дека некои стебла треба да се заобиколат. Тоа особено се однесувало на оревот, најнесреќното дрво, поврзано со демони (иако тоа, како и многу други „несреќни“ дрва може да делуваат лековито.

Јужнословенските народи верувале дека млад човек никако не смее да засади орев, зошто ќе умре тогаш кога стеблото ќе стане дебело колку и неговиот врат.

Во некои села дури и денес не садат орев покрај куќа, бидејќи се верува дека внесува раздор во куќата. Под орев не успеваат други билки па се верува дека неговата крошна е демонска. Затоа нашите предци не сакале да заспијат под оревова сенка, бидејќи верувале дека ќе се разбудат болни.

За Духовден се покриваат гробовите со оревови листови, за да ги привлечат мртвите, пред да се затворат рајските порти. Во Македонија, според народните верувања, на овој ден душите на починатите го напуштаат подземниот свет и слободно се движат во светот на живите.

Од Велигден па се’ до Духовден рајските порти се отворени, а потоа душите се враќаат во светот на мртвите. На Духови се затворал Рајот, па затоа ги мамеле да се приберат со „орашкојна“, согласно народното верување дека оревот има привлечна моќ за мртвите, па оттаму се користи во овие обичаи.

Стеблата и дрвата отсекогаш биле дел од митологијата и верувањата на многу народи и тоа од самите почетоци на постоењето на човекот. Во Ендемската градина се среќаваме со дрвото на животот и дрвото на спознанието.

Така и нашите баби и дедовци ги класифицирале дрвата на среќни и несреќни, а ваквата класификација во поблага форма е задржана во народната митологија до ден денешен.

За дабот се сметало дека е исклучително среќно дрво, па верувале дека во неговата крошна повремено се собираат добрите самовили. Во христијанската митологија дабот зазема видно место, бидејќи од дабово дрво е направен Исусовиот крст.

„Среќни“ стебла покрај дабот, се сметаат и врбата и борот, а оние кои предизвикуваат или носат несреќа се орев, бозел и јасика, бидејќи според народната митологија, самиот Бог проколнал неколку видови дрва, а особено јасиката, која, како што е познато, го издала Исус на Евреите.

За оревот постоело верување дека преку своите долги корења е поврзан со подземниот свет, значи со демонскиот свет и дека неговото стебло најчесто го удира гром. До ден денешен е врежано мислењето дека оној кој ќе заспие во дебела и тешка сенка под орев, ќе се разбуди болен а можеби и веќе никогаш нема да се разбуди жив.

Па колку и да се желни за одмор и освежување во врелите и суви летни месеци, луѓето одбегнуваат да одморат во сенката на оревот. Иsто така, се верувало дека во крошната на оревот се среќaваат и состануваат вештерките. Ако зимно вреmе плодот на оревот е сув и не се јаде, тоа значело само едно: дека во крошната на тоа стебло престојувале вештерки и таквото стебло требало итно да се искастри или дури и да се исече.

За бозелот се верувало дека не смее да се сече, бидејќи оноj кој ќе го исече ќе го снајде голема несреќа и зло.

Дудинката исто е сместена во несреќните дрва и од оние непосакуваните покрај куќа, зошто се верувало дека ако нејзините корења допрат до куќните темели, од таа куќа ќе изумре машката лоза.

Празноверието (остаток од паганските верувања) било толку врежано, што доколку во некоја куќа се заределе повеќе смртни случаи на машки лица, луѓето ги сечеле сите дудинки во околината на таа куќа.

Можеби сте слушнале за изреката „Не удира гром во коприва“. Покрај дрвата и билките и цвеќињата биле поделени на среќни и несреќни, на оние кои смеат или не смеат да се садат во двор, црква, гробишта… билки во кои се собираат самовили, вештерки и други демонски суштества…

Меѓутоа, отсекогаш знаеле дека внатрешната и надворешната лушпа на оревот е лековита и од неа се приготвува познатата Оревовача.

Листот од оревот е исто така лековит, како и плодовите. Содржи танани, масла, киселини и соединенија со лут и горчлив вкус. Од листовите може да се направат сирупи, екстракти, тинктури, но и бои за коса и кожа, козметички креми и масла за сончање.

Листот е најдобро да се употреби додека е зелен и свеж. Има исто така, инсектицидно дејство. Чајот од млад лист од орев во комбинација со мед се употребува за детоксикација ан организмот, за подобрување на дигестијата и крвната слика, против чир, костоболки, гнојни рани, испирање на разни воспаленија и др.