Покрај сол, водата во која се вареле тестенини содржи и раствор од скробен лепак, малку витамини од Б групата, витамин Е и голем спектар од минерали, вклучително и соли на калциум, калиум, натриум, магнезиум, железо, фосфор, хлор, јод, бакар и хром.

Па што би можеле да направите со оваа течност? Запознајте се со проверените руски рецепти!

Сигурно десега не ви паднало на памет дека течноста во која сте ги вареле шпагетите или макароните би можела да биде одлично лековито и козметичко средство.

Како може да се искористи оваа течност – објаснува прочуениот руски доктор и истражувач Дино Павлов Бољасов, доктор по хемиски науки од Москва.

Облога за отечени очни капаци

Натопете козметички салвети (тупфери) со изладената течност од тестенини.

Нанесете ги на капаците и оставете да делуваат 15 до 20 минути. Потоа исплакнете со ладна вода, па нанесете хранлив крем. Постапката се повторува еднаш дневно додека отоците да исчезнат.

Испукана кожа на раце

Навечер направете бања од топла вода во која се вареле тестенини. Во неа киснете ги рацете 20 минути.

Потоа измијте ги рацете и намачкајте ги со масло, па нанесете ракавици. Постапката повторувајте ја секој втор ден во текот на две седмици.

За побрз раст на косата

Втријте ја водата од тестенини на чист скалп и оставете да делува 10-12 минути. Потоа измијте ја косата.

Овој третман треба да се повторува двапати седмично до подобрување на состојбата на косата.

Бања за уморни и отечени нозе

Лицата кои патат од болки во нозете и постојано мака мачат со отоци, би требало задолжително да ја пробаат оваа бања.

Врелата вода која преостанала од варењето на тестенините, истурете ја во леѓен, додадете уште малку топла вода и во неа потопете ги стапалата.

Оваа бања за нозе практикувајте ја 20-25 минути пред спиење. Овој метод се повторува додека состојбата не се подобри.

Смирувачката топлина како и микроелементите во водата од тестенини, си го прават своето. Затоа најдете време за да го проверите овој фантастичен рецепт.