Многумина се борат со акните и поради тоа посегнуваат по скапи производи кои се полни со штетни материи и хемикалии. Тие производи не помагаат, тие дури може и да ја влошат состојбата. Наместо тоа, подобро е да испробате природни препарати како што е овој.

На едноставен начин можете да направите крем кој вашата кожа ќе ја направи почиста и поубава.

Потребни состојки:

1 лажичка лимонов сок
1 лажичка мед
1 лажичка мелено мускатно оревче
1 лажица цимет во прав

Постапка:

Измешајте ги сите состојки во еден сад додека да добиете изедначена смеса, а потоа добиениот крем нанесете го на лицето и оставете го да делува 10 минути.

Внимавајте на областа околу очите и устата при нанесувањето на било која маска, не само оваа.

Доколку се појави чувство на пецкање додека делува кремот, тоа значи дека маската делува, а тоа чувство набрзо ќе исчезне. Состојките во овој крем ќе делува смирувачки врз вашата кожа, а особено добро го санираат црвенилото на лицето.