Повеќето прозори денес не можат да се замислат без популарните венецијанки. Меѓутоа, нивното чистење и одржување не е така едноставно и бара малку повеќе време и трпение.

Но, еве како себеси можете да си го олесните чистењето.

Потребни состојки:

Топла вода
Алкохолна киселина
Чиста памучна крпа или чорап

Постапка:

Доколку немате крпа во моментот, за оваа намена најдобро може да послужи некој памучен чорап кој го си го изгубил својот пар, а сепак сте го сочувале. Потребно е само да го навлечете на рака како ракавица.

Направете го следното:

Измешајте еднакви количини топла вода и алкохолна киселина. Натопете го чорапот во овој раствор, навлечете го на рака, па со него поминувајте по ребрата на ролетната.

Поминувајте го секое ребро посебно од двете страни (само опфатете го со палецот и другите прсти и повлекувајте полека).

Кога чорапот ќе за извалка, само исперете го во чиста вода и продолжете ја постапката.