Знаете, она кога ќе слушнете нешто и едноставно не ви се верува, скептични сте…епа така беше со мене и со овој рецепт. Да не видев со свои очи немаше да верувам, па затоа одлучив рецептов да го споделам со вас, можеби некому ќе му затреба, никогаш не се знае…

Во лековитоста на овој третман се уверив доволен број пати, што знам дека вреди човек да проба – наместо со оние огромни шприцови да ви ја извлекуваат водата, а после тоа следи силна терапија и лекови…ух! А она што е потребно да се ослободите од ова е да бидете упорни ни помалку ни повеќе, туку 40 дена, т.е. ноќи!

Потребни состојки:

  • 1 шака тетовско гравче
  • 1 кеса од 2-3 литри, оние за замрзнување
  • 1 памучна крпа
  • 1 ленена крпа
  • 1 волнена крпа

Постапка:

Значи…Секоја ноќ (пед спиење) земете една полна рака грав, измијте го и ставете го вода да зоврие. Од моментот кога ќе зоврие, варете уште 15 минути. Потоа гравот процедете го, оставете малку да излади и ставете го во кесичката.

Гравот треба да биде доволно топол, да може вашето колено да ја издржи топлината, значи не ладно и не прежешко за да не се изгорите. Гравот во кесичката убаво распоредете го во ширина на коленото, па после врзете така да гравот биде на едно место а не раштркан. Потоа, доаѓа памучната, па ленената крпа. Коленото добро се фиксира, да не е престегнато за да има циркулација, но ни премногу лабаво, за да држи облогата на болното место.

Се преспива со оваа облога, а следниот ден гравот се фрла. Постапката се повторува секоја ноќ, т.е.40 ноќи одново и одново.

За резултатите сами ќе се уверите, само ако сте упорни па после со задоволство ќе им прераскажувате на другите!