Градоначалниците на скопските општини размислуваат дали во сообраќајот да се воведе “Пар-непар” режим на возење за да се намали загаденоста на воздухот.

Но, дали навистина автомобилите се главните загадувачи?

Експертите во Грција направиле споредба со просечните годишни концентрации на PM2.5 во Европската унија, што е 20 микрограми на кубен метар.

Експертите велат дека релативно “топлата” зима оваа година ги спречи жителите на големите градови од опасниот “коктел” кој беше опишан претходно.

Било направено проучување на ниво на загаденост на воздухот во петте најголеми градови во Грција и придонесот на секоја загадувачка материја во времетраење од 10 јануари-10 февруари 2013.

Иако не постојат епидемиолошки студии до сега, научниците веруваат дека во моментот кога ќе влезат во белите дробови, PM честичките предизвикуваат сериозна штета, особено на срцето.

Индикативна емисија на честички:

– Камин и печка на дрва (по 4 часа горење): 150 г

– Автомобил, модел од 1992 (на 30 км): 0,5 г

– Автомобил, модел од 2009 (на 30 км): 0.15 г

– Пелети (по 4 часа на горење): 5 до 20 г

– Гориво за греење котел (по 4 часа на горење): 2 г

– Природен гас (по 4 часа горење): 0,2 г

Главната причина за зголемување на концентрациите на загадувањето е согорувањето на дрвото за грење во ноќните часови. Според истражувачите, 90% од загадувањето е поради тоа!