Кандида во уста: 6 ефикасни природни лекови кои ќе ја ја елиминираат габичната инфекција

Што е орална кандидијаза?

Присуството на кандида во усната шуплина е сосем нормална, но нејзината акумулација и нејзиното ширење може да станат здравствен проблем познат под називот орална кандидијаза.

Најчестите симптоми на орална кандидијаза се кремаст бел слој на јазикот или на внатрешниот дел од образот. И останатите делови од усната шуплина може да бидат инфицирани, како грлото и непцата.

На местата каде се создава белиот слој неретко се јавуваат прореди кои можат да крвават при миење на заби или чистење на јазикот со четката.

Исто така, знаци кои се пропратни на оваа состојба се лош здив, чувство на сувост во устата и пореметено чувство за вкус.

Оралната кандидијаза може да се пренесе на друго лице преку плунка, а најчесто и мајките им ја пренесуваат на своите бебиња при пораѓајот.

Компликациите кои може да настанат при орална кандидијаза се ретки и главно се случуваат поради долговремено игнорирање на постоечките симптоми. Тоа се потешкотии при голтањето и зголемена телесна температура.

ИСХРАНА КАКО ЛЕК ЗА ОРАЛНА КАНДИДИЈАЗА

Голема улога во лекувањето на габичните инфекции, па и на оралната кандидијаза, има храната која секојдневно се консумира.

Јадете повеќе свеж зеленчук, здрави протеини и мешунки. Природни извори на пробиотик се исто така пожелни, како јогурт и кефир.

Она што поттикнува развој на кандида се моносахаридите, односно простите шеќери. Намирниците кои се полни со моносахариди треба да се одбегнуваат за да може лекувањето да биде успешно.

Овде спаѓаат слатките со висока концентрација на бел шеќер, глутенско брашно (пченично, јачменово, ‘ржано, спелтино), индустриски сокови и алкохолни пијалаци.

Се препорачува храната која содржи моносахариди целосно да се избегнува во првите месец дена од лекувањето, а подоцна да се внесуваат помали количини кои ќе ви ги одреди вашиот лекар или нутриционист.

Ако белиот слој на било кој дел од усната шуплина е болен и крвави, јадете храна која е мека и лесно се голта. Пијте ладни напитоци кои ќе ви пружат олеснување.

ВИТАМИНСКИ СУПЛЕМЕНТИ ЗА БОРБА ПРОТИВ КАНДИДАТА ВО УСТА

ВИТАМИН Б: Дефицит со витамин Б12 може да доведе до проблем со кандидата во уста.

ВИТАМИН Ц: Овој витамин успешно го контролира размножувањето на кандидата и го регулира шеќерот во крвта.

ВИТАМИН Д: Одличен во борбата против сите габични инфекции.

ПРЕВЕНЦИЈА

-Орална хигиена: мијте ги забите двапати дневно, а притоа тријте го и јазикот.

-Редовни посети на стоматолог, најмалку на секои 6 месеци. Доколку сте дијабетичар, прегледите треба да бидат почести.

-При користење на инхалатор, секогаш добро чистете го пред следното користење.

-Стерилизирајте ги играчките на вашето дете кое ги става во уста.

-Оставете ги цигарите.

ПРИРОДНИ ЛЕКОВИ

Проблемот со орална кандидијаза е чест кај луѓето, а со помош на некои природни методи можете да се ослободите за кратко време од инфекцијата и да го спречите нејзиното повторно појавување.

Во конвенционалната медицина, кандидата во уста се третира со антифунгални лекови. Станува збор за медикаменти кои можат да му наштетат на црниот дроб доколку се применуваат во подолг временски период, и да го пореметат нивото на естрогенот.

Затоа пробајте ги природните средства кои дополнително нема да му наштетат на вашиот организам.

1.СОЛ КАКО ЛЕК ЗА КАНДИДА ВО УСТА

Испирајте ја устата со солена, млака вода, неколку пати дневно. Ставете 2 лажички сол во чаша млака вода. Три или четири пати дневно плакнете ја устата со овој раствор и за неколку дена ќе забележите подобрување.

2.МАСЛО ОД ЧАЈНО ДРВО

Пред употреба растворете го со некое базно масло, на пример кокосово. Две лажички масло од чајно дрво помешајте со една лажичка кокосово или масло од нане. Премачкувајте се неколку пати во денот на зафатените области (може со натопено памукче).

3.ЈАБОЛКОВА КИСЕЛИНА

Измешајте неколку лажички јаболкова киселина со две полни лажички сол. Направете испирање на усната шуплина со оваа смеса неколку пати во денот.

4.СОДА БИКАРБОНА

Испирајте ја устата со раствор од сода бикарбона и вода или направете паста за премачкување на критичните места. Помешајте три лажички сода бикарбона со малку топла вода. Натопете парче памук во добиената смеса и нанесете врз зафатените делови од усната шуплина. Повторувајте ја постапката по неколку пати во текот на денот.

5.ЛУК

Секој ден џвакајте по 1-2 чешниња лук.

6.ЈОГУРТ

Секој ден консумирајте по 2-3 мали шолји јогурт.

Loading...