Особено задоволство за љубителите на карамелот и на кремастите торти.

Потребни состојки: 11 белки, 11 лажици шеќер, 3 лажици презла, 200 г мелени ореви, 1 ванилин шеќер, 1 прашок за печиво. За премачкување на кората: 200 г нутела или: 200 г карамел лешник бонбони + 2 лажици млеко или по потреба

За фил: 11 жолчки, 11 лажици шеќер, 3 лажици густин, 200 мл млеко, 200 г црно чоколадо, 250 г путер/маргарин

Постапка: бисквитите пенасто изматете ги со постепено додавање на шеќерот. Во цврстиот снег од белки додајте презла (лебни трошки), ореви и прашок за печиво. Печете во голем плех, па кога ќе излади, кората пресечете ја на половина за да добиете две еднакви кори.

Ако одлучите да ја премачкате со нутела – само премачкајте ја кората во тенок слој и толку. Ако одлучите да ја премачкате со карамел (подобра варијанта), тогаш бонбоните растопете ги со малку млеко на пареа, додека да добиете конзистенција на глазура.

За фил: жолчките измиксајте ги со шеќер, па додајте густин и смесата на тивко сварете ја во 200 мл млеко (на пареа или на многу тивко), па додајте чоколадо кое претходно сте го растопиле. Кога филот ќе згусне оставете да излади, па потоа додајте изматен путер и соединете.

Редење: кора, прелив, половина фил, кора, прелив, фил. Одозгора наросете со мелени ореви или ситно сечкани ореви/лешници.