Многу вкусен ролат за оние кои се придржуваат на Кето диетата, но и за сите останати. Потребни состојки: 4 тиквички, 1 прстофат сол, 5 јајца, 100 г рендан кашкавал, 1 лажица сув зачин (вегета), 1 лажица сечкан магдонос, 1 лажица сечкан власец, 400 г крем сирење, 100 г шунка, 1 лажица кашкавал и 1 црвена пиперка

Постапка: Тиквичките изрендајте ги и малку посолете ги. Во еден сад искршете ги јајцата и со жица изматете ги. Додадете рендан кашкавал во јајцата и промешајте. Зачинете со сув зачин, магдонос и власец. Тиквичките убаво исцедете ги со раце од сокот што го испуштиле и додадете ги во јајцата.

Промешајте убаво додека да добиете компактна смеса. Добиената смеса излејте ја во плех од рерна, претходно намастен и обложен со хартија, израмнете и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени 25 минути. Печената кора оставете да излади.

Крем сирењето ставете го во подлабок сад и промешајте го со 100 г ситно сечкана шунка и една лажица рендан кашкавал. Смесата нанесете ја врз кората, а одозгора наросете ситно сечкана црвена пиперка.

Потоа кората со помош на хартијата за печење свиткајте ја во ролат и ставете во фрижидер да излади. Потоа сечете и послужете. Целата постапка можете да ја видите во видеото: