Многу се вкусни, мора да ги пробате!

Потребни состојки:

1 кг пире од компири
2 јајца
2 лажици масло
малку сол
400 г остро брашно
20-тина сливи, свежи или замрзнати
малку лебни трошки
малку масло

Постапка:

Компирот излупете го и сварете го во солена вода, испасирајте го во пире па оставете го да излади (најдобро е да го оставите преку ноќ во фрижидер).

Измерете го пирето, па на секои 500 г пире се додава по една лажица масло, 1 јајце, 200 г остро брашно… Тоа е основната мерка!

Замесете го тестото, развлечете кора и исечете ја на квадрати. Во секој квадрат ставете по една слива од која претходно сте ја извадиле семката и можете да дополните внатре да ставите малку шеќер (не мора).

Убаво формирајте ја кнедлата во вид на топче. Кнедлите варете ги во зовриена вода 15 минути, а потоа извадете ги од водата и ставајте ги во претходно пропржени лебни трошки на малку масло.

Доколку не сакате веднаш да ги употребите, приготвените кнедли пред да се сварат може да ги замрзнете. Јас секогаш правам околу 40-тина парчиња од околу 2 кг пире, па ги замрзнувам, па кога и да посакам си вадам и така замрзнати ги варам во врела вода 15-тина минути.