Само навидум изгледа комплицирано, но “ќофтето во затвор” можете да го приготвите врзо и лесно.

Потребно е да ги обарите компирите и да ги исечкате на тркалца, па со еден ред да се поплочи огноотпорниот сад.

Меленото месо измешајте го со ситно сечкан кромид (или мелен), црвен пипер, сол и црн пипер (додадете и други зачини по ваш вкус), па правете ги ќофтињата.

Рефете ги врз компирот, а помеѓу ставајте тркалца компир така што секое ќофте ќе биде заградено како во “затвор”. 

Прелијте ги ќофтињата со бешамел сос, одозгора наредете рендан кашкавал и запечете го јадењето.