Потењето на дланки е честа појава и многу непријатна. Кремите не помагаат, напротив. Од кремите кожата станува леплива, а доколку треба да се ракувате со некого, непријатноста само се зголемува.

Но, познавачите на природната медицина велат дека нема потреба да ги чувате рацете во џепови и постојано да ги бришете од облеката. Тие имаат неколку совети кои можат да ви помогнат.

1.Во 200 мл зовриена вода ставете две супени лажици жалфија, поклопете и оставете да отстои 15-20 минути, а потоа процедете. Добиената течност складирајте ја во стаклено шише.

Има силен и горчлив вкус, затоа се пие во голтки. Пијте по потреба (разредете или за пиење направете чај од 200 мл вода и 1 лажичка билка) и мијте ги дланките со оваа течност.

2.Три литри вода зовријте па залијте една рака лист од бршлен. Оставете на собна температура да излади. Пред спиење, со овој чај измијте ги рацете. Не се пие!

3.Сок од половина лимон помешајте со 50 мл бадемово масло и исто толку чај од храстова кора. Киснете ги дланките во оваа течност 15-20 минути.

4.Помешајте детска пудра со ситно мелено пченкарно брашно и повремено натапкувајте во дланките.

5.Со пресечен компир нежно измасирајте ги дланките пред спиење. Оваа „масажа“ ги отстранува непријатните мириси од рацете и стапалата.

Освен наведените народни рецепти, се препорачува посета на дерматолог, проверка на штитната жлезда, проверка на хормоните и избегнување на стрес. Анксиозноста е причините број еден за оваа непријатна појава.