Кога ќе го прочитате ова, повеќе никогаш нема да ја фрлате кората од портокал – може да направите лековито масло

Обично портокалите ги лупиме, пулпата ја јадеме а кората ја фрламе.

Меѓутоа, кората од портокалите имаат повеќе својства и корист отколку што може тоа да се замисли.

Идеално би било кога би можеле да имаме домашни портокали или да купиме органски плодови.

Меѓутоа, доколку не можете да пронајдете органски портокали, оние што ќе ги купите внимавајте да имаат цврста кора, измијте ги добро со ладна вода, а потоа закиснете ги во раствор од сода бикарбона и јаболкова киселина.

Раствор: на една чаша вода се става една лажичка сода бикарбона и една лажичка киселина. Исто така, можете да ги закиснете преку цела ноќ во солена вода за да им се извлече горчината.

Голем број од нутриентите се складирани токму во кората на ова овошје. Во кората на само еден портокал има 60 различни флавоноиди и 170 други нутриенти кои се одлични за вашето здравје, за нега на кожата, но може да се искористи и во домаќинството.

Кората од портокалот има својство да ги подобрува дигестијата и метаболизмот, ја намалува подуеноста на стомакот и грчевите, а помага и да се исфрлат остатоците од екскрементот. Покрај тоа, се користи и за ублажување на мачнини. За таа намена, се масира стомакот со раствор од ова масло, со кружни движење околу папокот.

Може да се користи и како експекторанс за разбивање на густата и леплива слуз и намалување на кашлицата. Во бањата за инхалација се додаваат неколку капки или лажички од ова масло. Растворено се мачка на лицето во предолот на слепоочниците и веѓите.

Ако се додаде во вода со сол, може да се прават гаргари за плакнење на усната шуплина со што се лекуваат непцата и афтите, како и разни воспаленија на грлото.

Главните лековити својства се должат токму на етеричното масло кое се содржи во самата кора.

Етерично масло од портокал можете да купите во аптека, но можете да си направите и дома. Етеричните масла е многу полесно да се направат во домашни услови отколку што тоа можеби вам ви се чини.

Ова масло има благопријатни својства. Може да се користи против анксиозност, стрес, за лошо варење на храната и лекување на запек, како и за подобрување на циркулацијата и метаболизмот.

Имаме два рецепти за приготвување на масло од портокал. Првиот рецепт содржи водка а вториот се приготвува со маслиново масло.

Етеричното масло што се купува аптека се добива со механичко цедење на кората и ова масло се користи на следниот начин: 3-5 капки се раствораат во 30 мл растително масло или вода и не е за орална употреба. Може да се плакне усната шуплина, да се мачка на кожа и да се додава во разни козметички средства. По нанесување на кожа не смее да се изложува на сонце.

РЕЦЕПТ 1

Потребни состојки:

-Кора од портокал
-Чист алкохол или вотка

Постапка:

Целата постапка трае околу 15 денови.

Откако сте ги измиле добро портокалите (клементини, мандарини…) излупете ги а нивната кора наредете ја во некоја чинија и оставете да се сушат на воздух.

За ова сушење е потребна една седмица. Откако кората се исушила ставете ја во блендер да се сомеле на ситни (не премногу ситни) парчиња.

Ставете ја кората во тегла и прелијте ја со водка, затворете и неколку пати добро протресете за да се активираат и ослободат аромите.

Оставете вака да отстои неколку денови со повремено протресување. Потоа процедете низ филтер за кафе или двојна газа и складирајте во чиста тегла.

Теглата затворете ја со газа или со филтер за кафе за да може да испари алкохолот. Потоа ако сакате можете уште еднаш да ја процедите течноста и да ја складирате во мали шишенца.

РЕЦЕПТ 2

Потребни состојки:

3 портокали
200 мл маслиново масло

Постапка:

Свежата кора од портокал исечкајте на тенки ленти. Ставете ги во стаклена тегла и прелијте ги со маслиново масло околу 200 мл. Маслото би требало целосно да ги покрие корите.

Добро затворете ја теглата со капак и оставете на темно место да отстои 3 дена.

После овој период, теглата ставете ја на водена пареа 30 минути. Изладената смеса внимателно процедете ја низ двојна газа, за да биде маслото чисто и проѕирно без талози.

Маслото е готово и можете подолго време да го чувате во стаклена тегла. Ова масло може да се додава во различни козметички креми и маски за лице, бањи, за масажа и нега на тело, како ароматерапија и слично.

МАСЛОТО ОД ПОРТОКАЛ:

-го подобрува имунитетот
-содржи природни анти.бактериски својства
-ако се раствори може да се користи во домаќинството за чистење
-ја подобрува циркулацијата
-содржи анти-инфламаторно дејство
-намалува болка
-го подобрува расположението
-ја штити кожата
-ги лекува акните
-поттикнува варење на храната
-природно средство за испирање на устата и заштита на непцата
-ги лекува афтите

УПОТРЕБА:

Се разблажува со друго масло или вода. После употреба на кожа не смее да се изложува на сонце. Етеричното масло што се купува аптека се добива со механичко цедење на кората.

Loading...