Колачот е превкусен, брзо и многу едноставно се приготвува!

Потребни состојки: 4 јајца, 1,5 шолја брашно, 1 шолја шеќер, 1 шолја јогурт, ½ шолја масло, ½ прашок за печиво, 1 лимон – рендана кора и 125 г малини

Постапка: Одвојте ги жолчките од белките. Жолчките пенасто изматете ги заедно со шеќерот. Потоа додадете јогурт, масло, брашно измешано со прашок за печиво и рендана кора од лимон по вкус.

Посебно изматете ги белките во цврст снег, и внимателно промешајте го со претходната смеса.

Калап или тепсија со средна величина намастете со масло или путер и наросете со брашно. Излејте ја смесата и израмнете. Одозгора на врвот набоцкајте малини и печете околу 25 минути во рерна загреана на 200 степени.