Колач за дијабетичари: Денес двапати го правев колачот – веднаш се изеде!

Нема да дозволиме оваа болест да не спречи во кујната и во уживањето на добар колач. Ова е многу вкусно парче торта! На мајка ми во петок и е роденден, па ја направив оваа торта, а рецептот го најдов од интернет.

Потребни состојки:

2 јајца
1 чаша јогурт
150 г брашно
80 г фруктоза (јас ставив само 45 г)
40 г масло
1 -2 јаболка
1 лимон – рендана кора
½ прашок за печиво

Постапка:

Изматете ги јајцата со фруктозата, додадете масло и јогурт, рендана кора од лимон, брашно и јаболко исечкано на коцки (јас јаболкото го ставив одозгора како што се гледа на фотографијата, не едно туку две јаболка, па затоа намалив на фруктозата.

На крај додадете прашок за печиво, истурете во калап и печете на 150 степени околу 30 минути.

Нутривна вредност: протеини 5,7 г; масти 10,6 г; јаглехидрати 35г; вкупно калории 313 kcal.

Loading...