Напитокот кој треба да го приготвувате секој ден наутро и веднаш да го испиете свежо приготвен, има силни антиоксидативни и антиинфламаторни својства, содржи многу калиум, магнезиум, калциум и други состојки кои ги подмачкуваат лигаментите и зглобовите.

Потребни состојки:

1 ананас
3 лажици овесни снегулки
1 лажица цимет во прав
1 чаша сок од портокал
1 лажица мед – по вкус

Постапка:

Количините на состојките можете да ги прилагодувате според вашите потреби.

Ананасот исечете го на подебели тркала, излупете ја надворешната кора (не ја отстранувајте тврдата срцевина), па исечкан во коцки ставете го во блендер.

Додадете ги останатите состојки и миксајте додека да се изедначи смесата.

Напитокот пијте го секогаш свежо приготвен, по една чаша, наутро на гладен стомак (или евентуално помеѓу оброците, но мора на празен желудник, откако ќе ви се свари претходната храна што сте ја изеле).

Главната лечителна состојка е БРОМЕЛАИНОТ:

Ананасот содржи биоактивен ензим познат како бромелаин. Овој ензим широко се употребува во медицината за лекување на многу болести и тоа од проблеми со варењето на храната, па сѐ до алергии.

Традиционално се користел како моќен антинфламаторен агенс, а позитивни ефекти има при превенција на отоци, едеми и тромбови.

Во минатото, се користел и како природно средство за смирување и релаксирање на напнатите мускули и сврзното ткиво.

Дополнително, неколку неодамнешни студии покажаа дека овој ензим може да го запре метастазирањето на карциномот на белите дробови. Научната литература изобилува со статии кои ги проценуваат медицинските придобивки од бромелаинот.

Тие укажуваат на тоа дека овој ензим може да се користи за подобрување на состојбата кај лица кои страдаат од:

-повреди на сврзното ткиво

-алергии

-артритис, болки во зглобовите, остеоартритис

-дигестивни проблеми како киселини или дијареја

-кардиоваскуларни нарушувања

-автоимуни болести

-канцер

-воспалителни болести на цревата

-бронхитис и синузитис

-хируршки трауми и бавно заздравување на рани или изгореници на кожа

-лоша апсорпција на лекови, особено антибиотици и намалување на несакани ефекти од лекови

-помага во намалувањето на непосакувана телесна тежина.

Докажано e делотворeн при појава на респираторни проблеми, ублажување на хроничен бронхит, алергии кои ги напаѓаат дишните патишта и воспаление на синусите. Бромелаинот ја намалува густината на слузта, го подобрува дишењето и ја намалува кашлицата.

Јадете свеж ананас

Секако, најлесен начин да го внесете овој моќен ензим е да јадете свеж ананас. Но, треба да се спомене дека најголема концентрација на овој ензим има во јадрото на сочен и зрел ананас.