Комплетен ручек – готов за 20 минути

Потребни состојки:

300 г пилешко бело месо

150 г печурки

100 г морков

3 пиперки (црвена, жолта и зелена)

2 тиквички

Сол, црн пипер, црвен пипер

Магдонос

Малку маслиново масло

Неколку лажици доматен сос

Постапка:

Загрејте масло во тавче што не лепи, па додадете ситно сечкано месо на коцки. Кратко пропржете 5-8 минути, па додадете сечкани печурки и рендан морков.

Динстајте додека сето да омекне убаво, додадете ги сечканите пиперки и тиквички. Убаво промешајте и динстајте уште околу 10-15 минути. На крај зачинете и додадете доматен сос по желба.

Loading...