Го нарекуваат БОЛНИЧКИ ЏЕМ, бидејќи бил испитуван кај пациенти кои имале тешка форма на опстипација. Многумина за него велат дека е толку ефикасен што би требало да го препишуваат на рецепт.

Ако опстипацијата за многумина е табу тема и не е честа тема на разговори, треба да се знае дека ова е проблем од кој патат голем број луѓе.

Причина може да биде недостиг на движење, стрес, возраст, лекови, некои витамини, внес на многу малку растотелни влакна и вода во исхраната, но тоа, исто така, може да биде и секундарен ефект на некои други болести.

Иако опстипацијата може да изгледа безопасна, тоа не е така, особено ако трае со месеци.

Се карактеризира со отежната или ретка дефекација, тврда столица или чувство на нецелосно празнење на дебелото црево.

Според статистичките податоци, околу еден од десет луѓе имаат проблеми со нередовното празнење на дебелото црево.

Опстипацијата во основа треба да се излечи не само поради болката и подуениот стомак, туку и поради тоа што отпадните материи треба што пократко да се задржуваат во телото.

Затоа, важно е да се обидете со природни рецепти, но меѓу најдобрите е овој џем, кој наводно е создаден од страна на канадската ветеранска болница од Квебек каде бил испитан врз четириесет повозрасни луѓе (повеќе – ОВДЕ).

Рецепт за лаксативен џем:

Потребни состојки:

150 г урми,
150 г суви сливи,
300 мл зовриена вода

Постапка:

Исечете ги урмите и сувите сливи на парчиња. Ставете ги во водата што врие и варете ги додека смесата да се згусне и желатира.

Добиената смеса складирајте ја во стаклена тегличка, која откако ќе излади се чува во фрижидер.
Се консумира по една полна супена лажица наутро на гладно и уште една лажица, два часа пред спиење по што не јадете ништо.

Овој џем е погоден за сите возрасти.

Можете да го јадете, мачкате на леб, да го додавате во јогурт, појадок со снегулки …

Тајната на сувите сливи и урми

Сувите сливи имаат хранлив и лаксативен ефект, со децении тие се користат за оваа намена.

Тие се богати со влакна и сорбитол, од кои всушност произлегува лаксативниот ефект.

Сорбитол е вид на алкохолен шеќер што може да го конзумираат и дијабетичари, бидејќи не провоцира лачење на инсулин.

Во цревата се обработува многу бавно и влегува во дебелото црево најчесто полуобработен, што доведува до помеки столици.

Урмите се нарекуваат и најздравите плодови на земјата. Тие се добар извор на природни влакна кои се од суштинско значење за добро функционирање на дебелото црево.

Според својот состав, урмите се природна мултивитаминска бомба, која може да ја користат и деца и возрасни. Лекува многу заболувања, од анемија, преку висок крвен притисок, холестерол…

Совети за исхрана за редовна столица:

-Пијте многу вода;

-Јадете повеќе овошје, зеленчук, житарки;

Постепено воведувајте влакна во вашата исхрана и избегнувајте вештачки лаксативи, бидејќи постојат многу природни методи кои можат да ви помогнат.