ЛEK ПРОТИВ ЧИР НА ЖEЛУДНИК – Проверен и сигурен рецепт, испробано многупати!

Со овој лек сигурно се лекува чир на желудник и на 12-палечно црево. Испробано е досега многупати. Тегавецот (plantago major) е исклучително лековита билка. Сомелена полесно се вари и ги испушта сите сокови кои се многу лековити за организмот.

Потребни состојки:

300 г листови од тегавец
1 кг ливадски мед

Постапка:

Измијте ги добро листовите и оставете ги на хартиена салветка за да се исушат. Потоа сомелете ги во машина за мелење месо.

Мелениот тегавец (заедно со сокот што ќе го испушти) се меша со ливадски мед, се складира во стаклена тегла и се остава да отстои преку ноќ.

Напомена: Потребно е да се сомелат листовите, па потоа која количина ќе ја добиете (колку собира во теглата), ќе ја помешате со исто толку мед (некогаш е помалку, некогаш е повеќе од еден килограм).

Одбирајте млади листови. Се добива околу две тегли од 680 мл мешавина.

УПОТРЕБА:

По една лажица наутро пред јадење, додека да се изеде целата количина. Се чува во фрижидер. Ако е потребно уште еднаш се повторува постапката на есен.

ЛЕКОВИТОСТ

Може да се користи за лекување на чиреви, кашлица, рани… Кога станува збор за рани и повреди особено кај дијабетичари, се препорачува раната да ја поросат со куркума во прав, да наредат листови од тегавец и да фиксираат со компресивен завој.

Спречете создавање на чир така што наутро кога ќе станете од спиење, испијте 1-2 чаши вода!

Loading...