Рузмарин е зимзелена медитеранска билка која најчесто се користи како зачин или етерично масло во приготвување на различни јадења.

Ова се неколку причини поради кои треба да се користи рузмаринот:

-сузбива патогени микроорганизми

-го намалува ризикот од појава на рак на дојка, црева и кожа, особено во комбинација со куркума (го спречува растот и развојот на канцерогените клетки)

-масло од рузмарин се користи како заштита од штетните сончеви зраци и појава на рак на кожа

-го подобрува памтењето и концентрацијата, го чува здравјето на мозокот

-ублажува дигестивни тегоби и болки, чајот ги смирува иритабилните црева и ги смирува грчевите

-ублажува главоболка и менструални болки

-го намалува стресот, го намалува хормонот кортизол (хормон на стресот)

-ублажува настинки, грип, алергија и болки во грло (инхалација со масло од рузмарин)

-поттикнува раст на косата

-силен борец против слободните радикали

КАКО МОЖЕ ДА СЕ КОРИСТИ РУЗМАРИНОТ?

Чај од рузмарин: 1-2 мали гранчиња од рузмарин прелијте со чаша врела вода, покријте и оставете 15-20 минути, по што се процедува и се пие.

-Тинктура од рузмарин: 120 г свеж румарин (или повеќе) се блендира 20 секунди, па се меша со 1 литар 40% алкохол или водка. Се затвора во стаклена тегла или шише со метален капак, се чува на темно место и секојдневно се протресува, вкупно 14 дена. Потоа се процедува низ газа и се складира во стаклено шише. Две-три капки од оваа тинктура имаат дејство како една шолја чај од рузмарин.

-лековита ракија за реума и подобрување на циркулацијата: 1 гранче рузмарин се става во 200 мл домашна ракија и се затвора со метален капак. Оставете да отстои 10 дена или подолго, а потоа користете ја ракијата како облога за болните нозе. Местата заболени од реума треба да се масираат трипати дневно.

Кај исчашувања и трауми се користат облози од натопена газа или памучна крпа која се фиксира на болните места.

Ја поттикнува циркулацијата, ги ублажува грчевите во нозете.