Одамна е позната лековитоста на копривата и младите оревчиња.

Оваа ракија е добра за низа болести.

Копривата ја прочистува крвта и го зголемува бројот на црвените крвни зрнца; дезинфицира рани, спречува појава на песок во бубрези, лекува главоболка, го намалува нивото на шеќер во крвта, лекува заболен црн дроб, жолчка, слезина, грчеви и останати желудечни проблеми, како и стегање на крвните садови.

Младите оревчиња го засилуваат нејзиното дејство и помагаат за подобра функција на штитната жлезда.

Оваа лековита ракија се користи за намалување на нивото на шеќер во крвта, ја прочистува крвта, против песок во бубрези и низа други болести.-

Потребни состојки:

1 литар силна, овошна ракија
50 г свежи листови од коприва
10 мали зелени оревчиња

Постапка:

*Ако ја приготвувате оваа ракија кога нема зелени оревчиња, во ракијата со коприва додадете околу 100-200 мл Оревовача, во зависност од тоа колку силна сакате да ви биде.

Во поголема стаклена тегла ставете ги убаво исчистените листови од коприва, оревчињата пресечени на половина и прелијте со ракија.

Теглата добро затворете ја и оставете ја 7 дена да отстои на сонце со секојдневно протресување. Потоа процедете.

Се пие по една или половина мала ракиена чашка наутро, пред појадок и една после вечера.