Ова е многу вкусен напиток од дренки – ликер од дренки кој се приготвува со ракија или водка. Ликерот е благ алкохолен пијалак со многу пријатна арома. Освен што е здрав бидејќи содржи неверојатна количина на витамини, тој е вистинско освежување за секоја пригода.

Кога еднаш ќе го пробате, ќе го користите често.

Потребни состојки:

1 кг зрели дренки
1 кг шеќер
2 литри вода
1 литар ракија

Постапка:

Во два литри вода ставете шеќер и мешајте додека целосно да се растопи. Потоа додадете ги дренките (неколку плодови одвојте на страна) и сето заедно ставете на оган да се свари.

Гответе на тивко додека плодовите да омекнат, па тргнете на страна и оставете да излади. Процедете ја смесата и во течноста додадете 1 литар ракија. Добиениот ликер складирајте го во стаклени шишиња и во нив ставете по неколку дренки кои претходно ги одвоивте.