Луѓето кои собираат школки се склони кон ОВА: дознајте изборот што говори за вас

Од хоби може да собираме различни предмети, но исто така, тоа може да го открива и нашиот патолошки карактер. Психолозите сметаат дека собирањето на предмети може да ги открие нашите непознати, потсвесни склоности, бидејќи предметите кои ги собираме ги претставуваат нашите несвесни потреби.

Колекционирањето на одредени предмети често се прави од забава и за релаксација, тоа одмора па дури и лекува. Од друга страна пак, тоа може да биде и помодарство, за што најдобро илустрираат и приказните за богаташите кои собираат исклучително скапи предмети за кои се подготвени да дадат милиони долари и евра.

Врз основа на предметите кои ги собираме можно е да се даде психолошки профил на личноста. Психоаналитичарите како Фројд и Абрахам го објаснувале колекционерството како нешто кое се граничи со посесивност, акумулација, специфичен ритуал, своевиден обид времето да се сопре, обид за контролирање на реалноста, начин за одбегнување на смртта .. а во сето тоа може да надзира и силен сексуален нагон, како собирање на женски подвезици, долна облека, чевли…

Жените на пример кои собираат огрлици или обетки (особено оние големи и упадливи) се склони на номадски живот, оргии и разни перверзии, иако во реалниот живот тоа никогаш не би го направиле. Но, нивната потсвест бара компензација преку собирање на такви предмети.

Собирањето на прстени има двојно значење. Од една страна луѓето кои собираат прстени се склони кон хомосексуално искуство, а од друга страна ја истражуваат силната поврзаност со традиционалната моногамија.

Оние кои собираат школки (стар антички симбол за женски полов орган) често се многу нарцисоидни.

Ракавици и чевли носат склоност кон истиот пол.

Шешири се лажни симболи на несвесно одбивање на женската улога, а понекогаш значат и голема несигурност која се изразува преку истакнување на еден дел од гардеробата и потреба да се привлекува внимание.

НОСТАЛГИЈА

Собирање на мали предмети, на пример шишенца, минијатурни играчки или предмети, знак е за култ на женственоста и носталгија за детство.

Часовници често имаат сексуално значење и покажуваат загриженост за минливоста на животот.

Собирање на различни моливи откриваат желба за истакнување на сопствената личност и интелигенција.

Таквите лица во поголемиот дел не се задоволни со положбата што ја имаат во општеството. Склони се на нарциосоидност. Трупање на залихи од прехрамбени производи е знак дека таквите лица во животот биле соочени со проблеми како што е глад или немаштија. Таквите лица се плашат од смрт. +

Лулиња и цигари се знак за доверба и верност. Цигарите повеќе претставуваат доверба во сопствената способност, додека лулињата откриваат прилично резервирано лице.

Сапуни и козметички препарати значат посесивна грижа за хигиена и чистота и често се поврзани со чувство на вина.

На крајот треба да се нагласи дека ваквото хоби на колексионерство е навистина интересно, симпатично и прифатливо се додека се дел од нас и не прејдат во опсесија.

Loading...