Всушност, ова не се прави, вистински манти со месо, туку се полнети со сирење, но многу се вкусни.

Потребни состојки:

1 лиснато тесто (или замесете тесто колку за една кора)
300-400 г младо сирење
1 јајце
1 лажиче сол
1 лажица сусам
1 лажица ленено семе
100-150 г домашен кајмак (или милерам, помасен), одокативно

Постапка:

За фил: младото сирење посолете го, додадете сусам, ленено семе и матено јајце, па соединете добро.

Замесете тесто за тегнета кора и оставете да одмора подолго време. Тестото нема добро да се развлече доколку не е одморено.

Развлечете ја кората, премачкајте ја со масло и оставете ја да одмори за да омекне. Потоа развлечете ја, не премногу тенко.

Поедноставна варијанта на овој рецепт е да купите готова кора лиснато тесто.

Кората пресечете ја на коцки, во средината на секоја коцка ставајте фил и виткајте како пакетче.

Пакетчињата редете ги во намастена тепсија и премачкајте ги со смеса од 2 лажици вода и 1 лажица масло.

Ставете да се пече на 200-220 степени додека да фати убава боја, а потоа прелијте со растопен кајмак (милерам, кисела павлака, млеко…или ако сакате покрцкаво, не прелевајте со ништо).

Вратете во рерна да се допече уште некоја минута.

Деталите можете да ги погледнете во видеото: