– Местото на болката е индикација за точна лекарска дијагноза

Повеќето од болестите можат успешно да се излекуваат доколку се дијагностицираат навреме.

Ве боли стомакот? Со помош на оваа слика (мапа), дознајте за што станува збор!

Колку пати ви се случило да почувствувате болка во стомакот, па да ги прашате луѓето околу себе „Што има овде?“ Дали е слепо црево, жолчка, слезина или едноставно станува збор за гасови?

Не мора повеќе за тоа за да се грижите бидејќи со помош на оваа слика секогаш ќе знаете што ве боли – и дали е време да посетите лекар.

Дали станува збор за прејадување, чир, кила или слепо црево? Местото на стомакот кое ве боли – говори за што станува збор.

Иако воспалението на слепо црево најчесто е првата работа која им доаѓа на ум кај повеќето луѓе, сепак, најчест виновник е дебелото црево.

Под инфламаторни болести на цревата или воспаление на дебелото црево, спаѓаат две нималку едноставни болести: улцерозен колитис и Кронова болест.

Дивертикулитис е веројатно израз со кој можеби никогаш не сте се сретнале, а тоа е всушност состојба при која доаѓа до проширување на цревната слузокожа во дебелото црево и може да предизвика сериозни болки, осбено на левата страна од стомакот.

За да не погодувате која е вистинската причина за болка, дали станува збор за преобилен оброк или е нешто многу посериозно, погледнете ја сликата:

Доколку еднаш или двапати почувствувате болка, нема потреба да се грижите. Меѓутоа, ако станува збор за болка која се повторува или е толку силна што ви создава сериозна непријатност во текот на денот, најдобро е да посетите лекар.

Повеќето од болестите можат успешно да се излекуваат доколку се дијагностицираат навреме.