Рецепт: Мирче Коцев. Рецептот ни го откри нашиот почитуван читател Мирче Коцев кој е задоволен од овој еликсир за регенерирање на ткивата до клеточно ниво. Рецептот е многу стар и се смета дека луѓето го користеле уште многу одамна за општо здравје и регенерација на организмот.

Овој еликсир делува како внатрешно, така и надворешно. Состојките за приготвување се лесно достапни, а тоа се пчелин мед, лимонов сок и маслиново масло. Сите три намирници се многу лековити и здрави, но заедно во оваа комбинација создаваат вистински еликсир кој го спречува предвременото стареење.

Од оваа смеса доколку се консумира редовно, доаѓа до: чистење на внатрешните органи од секакви токсични таложења, се топат и раствораат песокот и камчињата во бубрезите, се подобрува работата на жолчката, црниот дроб се ослободува од токсините и започнува подобро да ја врши својата функција.

Потоа кожата се чисти и блеснува, целиот организам доживува регенерација и подмладување, го јакне имунолошкиот систем, ја прочистува крвта од токсини и спречува многу заболувања. Затоа неретко за овој напиток се вели дека е подмладувачки еликсир или еликсир на младоста.

Потребни состојки: 200 мл мед, 100 мл лимонов сок и 50 мл маслиново масло (ладно цедено девствено). Постапка: Се мешаат сите состојки во една тегла додека да се соединат. Смесата со стоење повторно се одвојува и затоа потребно е пред секоја употреба добро да се промеша.

Доколку не се меша или растресува, медот ќе се спушти долу, лимоновиот сок во средина, а маслиново масло ќе лебди на површината. Или едноставно ставете ги состојките во блендер и изматете ги, а пред секоја консумација добро промешајте и протресете.

Употреба: Се консумира по една лажичка на гладно, трипати дневно половина час пред оброк. За најдобри резултати треба да се консумира континуирано еден месец, двапати годишно.

За топење на песок и камења во бубрези: Се мешаат цветен мед, маслиново масло и лимонов сок во однос 1:1:1. Се консумира по една лажица од мешавината растворено во чаша топла вода, еден до два часа пред јадење. Медот во оваа комбинација делува диуретично, детоксично, противвоспалително и го поттикнува имунитетот.