Потребни состојки:

300 г прочистена несолена маст

40 г цветови од глуварче

Постапка:

Во еден сад загрејте 300 г маст, па кога ќе се растопи и загрее додадете 40 цветови од глуварче. Добро промешајте и тргнете од оган. Оставете преку ноќ на собна температура.

Следниот ден загрејте колку да може смесата да се процеди.

употреба:

Приготвената маст се мачка преку хемороидите (ако се надворешни), а за внатрешни хемороиди се прават чепчиња на следниот начин:

Парче памук се натопува во млака смеса и се остава да излади.

Мевлемот од глуварче лекува:

-хемороиди

-попуштени вени

-болки во мускулите

-артритис

-рани на кожата

МЕВЛЕМ ПРИГОТВЕН ОД МАСЛО, ПЧЕЛИН ВОСОК И ЦВЕТОВИ ОД ГЛУВАРЧЕ

Потребни состојки:

-цветови од глуварче

-масло (маслиново, бадемово, сончогледово)

-пчелин восок

-етерично масло од лаванда

Постапка:

Свежите набрани жолти цветови од глуварчето убаво се распоредуваат на бела хартија да преноќат. Следниот ден ја полните теглата најмалку ½ до ¾ .

Големината на теглата зависи од количината на набраните цветови. Долевате со некое ладно цедено масло: маслиново, бадемово или сончогледово.

Теглата ја ставате во поголем сад со врела вода да врие на умерен оган неколку часа. Изладеното масло го прецедувате и го мерите количеството. На секои 100 мл масло се додаваат 15 г пчелин восок.

Постапката ја повторувате: Теглата со масло и пчелин восок ја ставате во поголем сад со врела вода, се додека да се растопи восокот.

За поголема ефикасност и смирувачко дејство можете да додадете и неколку капки, етерично масло од лаванда.

Кога мевлемот е готов, уште топол го претурате во соодветни садови.