Потребни состојки:

1 жолчка

2 лажици кантарионово масло

1 лажица чичково масло

5 капки лимонов сок

3 капки тинктура од невен

Широка четка

Постапка:

Изматете ја жолчката, па со постојано миксање додадете го прво кантарионовото, па чичковото масло, па на крај лимоновиот сок и тинктурата од невен.

Добро соединете ги сите состојки, па со широка четка нанесете на зафатената кожа. Оставете да се исуши 30 минути, па потоа истуширајте се со топла вода.

После туширањето намачкајте тенок слој крем за регенерација на кожата (масло од јојоба, арганово масло, крем од невен…) или некое хранливо млеко за тело.

Третманот се применува двапати седмично.