Многу едноставен а ефикасен лек за болки во колена, реума и гихт

Постојат неколку симтоми кои на телото му сугерираат дека постои проблем со колената.

Во тие симптоми спаѓаат: отекување, црвенило, слабост и чувство на нестабилност, звук на крцкање, состојба во која не можете комплетно да го исправите коленото.

Ова е природен лек од народната медицина кој се покажал како многу ефикасен при вакви и слични состојби, а се применува 20 дена.

Потребни состојки:

1 лажица рибино масло

2 лажици сок од цеден портокал

Постапка:

20 дена 2х1 лажица наутро на гладно и навечер пред спиење.

Постојат голем број на причини кои ја предизвикуваат болката во колената. Таа може да се јави како последица на повреда при спортување, но исто така може да е резултат на медицинска состојба како што се артритис или гихт.

Постојат три најчести типови на артритис на коленото: ревматоиден артритис (автоимуно заболување), пост-трауматски (што се јавува како резултат на голема повреда на коленото) и остеоартририс (кој се јавува најчесто и е резултат на абењето на ‘рскавицата).

Во сите три случаи се чувствува вкочанетост, отекување и тешкотија да се свитка коленото.

Болката може да се јави во било кој дел од структурата на коленото: делот каде што се спојува ‘рскавицата, чашката или лигаментите.

Постојат неколку ризик фактори/причини што влијаат врз тоа да се појави ваков вид на болка и тоа:

* Прекумерна тежина – колку е поголема тежината, толку е поголем притисокот врз зглобовите на коленото.

Дури и најобична физичка активност, како секојдневно качување по скали, за тело со прекумерна тежина претставува напор.

* Недоволна флексибилност на мускулите. Колку ви се послаби мускулите и сте помалку флексибилни, толку е поголем ризикот да се соочите со повреда на колената.

Слаби колена подразбираат дека имате послаба поддршка, а тоа сигурно не придонесува да се намали напорот врз зглобовите во колената.

* Практикување на одредени спортови. Ова се должи на фактот што кај одредени спортови поради специфичното движење, колената се поизложени на повреди.

Пример за таков вид спорт е кошарката во која има скокови и свртувања кои го зголемуваат ризикот од повреда.

* Повреда. Овде спаѓаат повреди и на мекото и на цврстото ткиво.

Некогаш не е потребен преголем физички напор за да се појават, доволно е да згазнете погрешно за да се соочите со болка во коленото.

Loading...