Пробајте го рецептот, тестенините излегуваат како да се приготвени во најдобриот италијански ресторан.

Потребни состојки: 500 г тестенини, 3 лажици путер, 3 лажици брашно, 500 мл млеко, 2 шолји рендан кашкавал (гауда), 2 лажици милерам, 4 лажици крем сирење, сол, црн пипер

*Ако не ви се наоѓаат милерам и крем сирење, можете да ги замените со моцарела на пример, кисела павлака, течна павлака, топено сирење или слично. Во филот, исто така, можете да додадавте и состојки по ваш вкус (шунка, сирење, мелено месо, печурки…)

Постапка: тестенините сварете ги според упатството на кесичката и процедете ги. Во подлабоко тенџере растопете го путерот, па во него пропржете го брашното. Додајте млеко и гответе додека смесата да се згусне.

Додајте крем сирење, рендан кашкавал и милерам. Додајте ги и сварените и исцедени макарони, па убаво промешајте.

Вака приготвените макарони истурете ги во намастена тепсија и печете ги во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути.