Колачот е толку сочен што се топи во уста, има многу убав вкус, пробајте го.

Потребни состојки:

1 кг јаболка
200 г шеќер
2 пудинг од ванила
600 мл вода
1 лажичка цимет
700 г бисквити

за прелив:

1 шлаг пена + 100 мл вода
2 лажици шеќер
1 чоколадо

Постапка:

Јаболката убаво измијте ги, излупете ги, исчистете ги од семките и изрендајте ги. Во нив додадете 200 г шеќер и 400 мл вода. Ставете ги да се варат 10 минути.

Прашокот од двата пудинзи промешајте го со 200 мл вода да нема грутчиња, па додадете го во јаболката што се варат. Мешајте додека смесата да се згусне, па тргнете на страна и додадете едно лажиче цимет во прав.

Наредете еден ред бисквити во плехот или калапот, по 5 бисквити во четири реда или колку што собира плехот, па одозгора ставете од филот и убаво распоредете. Повторно ставете ред бисквити, па фил и се така додека да ги потрошите состојки.

Една шлаг пена изматете со 100 мл вода и две лажици шеќер, па премачкајте го колачот одозгорра и изрендајте едно чоколадо за декорација. Изладете пред послужување.

Деталите погледнете ги во видеото: