Кнауф гипс-картонските плочи веќе одамна се користат во градежништето со најразлична намена. За различни подрачја се произведуваат различни плочи кои се разликуваат по надворешниот картон и додатоците во гипсеното јадро.

Се произведуваат од мелен и печен гипс, вода и додатоци, а во проточна мешалка се формира течна гипсена каша која рамномерно се распоредува на подвижна картонска лента.

Од готната страна поминува задниот картон на гипсената плоча, низ валјаци за обликување кои ја одредуваат дебелината на плочата. Потоа на плочата се означува написот, се сече на потребната должина, се превртува, се суши и пакува.

Со Кнауф технологијата на сувомонтажна градба се овозможуваат различни решенија во просторот.

Постојат:

-Кнауф стандардни плочи за обложување на ѕидови и тавани на потконструкција, суво малтерисување, преградни ѕидови и уредување на поткровја;

-Кнауф импрегнирани (влагоотпорни) плочи за бањи и кујни, како подлога за керамички плочки;

-Кнауф противпожарни плочи, за облога на ѕидови и тавани, преградни ѕидови, инсталациски канали и уредувања на поткровја;

-Кнауф противпожарни импрегнирани плочи.

Кнауф плочите едноставно и лесно се сечат со градежен нож или скалпел. Откако плочата на местото на засечениот картон се прекрши, ивиците треба да се израмнат со ренде за порамнување на ивици и да се закосат со ренде за закосување на ивици, со што се олеснува обработката на спојување и завршно глетување. Картонот не смее да кине долж исечената површина.

Погледнете неколку идејни решенија за внатрешно уредување со помош на гипс картон плочи: