Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ. Потребни состојки: 2 поголеми модри патлиџани, малку масло, 1 главица кромид, 1 морков, 1 пиперка, 300 г мелено месо, 3 лажици ориз, црвен пипер и зачини по вкус, 1 шолјиче вода, 3 јајца, 300 мл млеко, сол по вкус

Постапка: Се лупат два поголеми модри патлиџани, се сечат на подебели кругови и се редат во тава обложена со хартија за печење. Одозгора малку се наросува со масло и се печат во рерна.

Мусака од модар патлиџан (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

Додека се печи модриот патлиџан, се дроби еден кромид, 1 рендан морков, 1 пиперка се запржува малку и се додава 300 г мелено месо и 3 лажици ориз.

Убаво се пропржуваат сите состојки заедно, па се додава црвен пипер и зачини по вкус. Во една земјена тава се реди печениот модар патлиџан, па меленото месо и одозгора уште еден ред модар патлиџан.

Мусака од модар патлиџан (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

Се полива со едно шолјиче вода и се пече на 220 степени. Кога убаво ќе се испече мусаката, одозгора се полива со 3 јајца изматени со 300 мл млеко и малку сол по вкус. Се враќа во рерна да се допече уште 5-10 минути, па се исклучува.

Мусака од модар патлиџан (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)

Мусака од модар патлиџан (Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ)