Мусака од пилешко месо и зелечнук

Многу вкусно јадење, се бриготвува за кратко време.

Потребни состојки:

350 г пилешко бело месо
1 главица кромид
1 пиперка
2 стебленца целер
150 мл млеко
100 г кашкавал
1 јајце
Сол, црн пипер

Постапка:

Сварете го пилешкото месо во солена вода, а потоа исечете го на коцки. Зеленчукот измијте го и исчистете го.

Кромидот исечкајте го на ленти или коцки, а пиперката и целерот на коцкички.

Запржете го кромидот на малку маслиново масло, а потоа додадете ги исечканата пиперка и целерот.

Додадете го издинстаниот зеленчук во сечканото месо и целата смеса ставете ја во сад за печење.

Добро измешајте го јајцето со млекото и кашкавалот, па прелијте преку месото и зеленчукот. Одозгора изрендајте уште малку кашкавал.

Запечете во рерна на 220 степни.

Loading...