Оваа феноменална машина е остварување на сонот на секоја домаќинка, а веќе од ланската година е во продажба.

И ете, иднината стигна.

Стигна и ни донесе мноштво корисни апарати кои ќе ни олеснат доволно сложениот и брз живот. Најпосле се исполни сонот на многу жени, зошто една од најдосадните работи која бара многу време е токму пеглањето и средувањето на алиштата.

Во Сан Франциско ја создадоа оваа машина компанијата Foldimate, која сама пере, ги суши алиштата, ги пегла и ги дипли. Зар не е тоа чудесно?

Секако, сега за сега има ограничувања, како што се: високата цена и количината на алиштата кои може да се стават внатре одеднаш. Имено, во машината се ставаат максимално 15 испрани парчиња, а за само една минута ќе ви ги врати чисти и здиплени. Вие треба само да ги ставите во вашиот плакар.

Овој изум веќе на големо се продава. Цената е солена и се движи од 700-800 долари до 1200-1500 и повеќе долари. Но, како што велат купувачите, ова за нив е корисна инвестиција, бидејќи заштедуваат време и сила.

Како функционира оваа машина?

Целата работа се постигнува со внатрешниот транспортен појас во роботните манипулатори. Вашата облека ја облива водена пареа, а ја диплат посебни “робот-раце”. Можете да додавате и специјални капсули кои на вашата облека ќе и дадат пријатен мирис.