Бик – со него не се ни обидувајте

Од сите знаци во Зодијакот, Биковите се проверено најтврдоглави. За нив дури и не е важно дали се во право или не, тие само го сакаат она што го намислиле и ќе плачат или ќе се лутат додека тоа не го добијат.

Таквите симптоми им се појавуваат уште во раното детство и остануваат до крајот на животот.

Единственото нешто кое се менува е тоа што со текот на време учат како истото да го прикријат кога се во јавност, но сепак не успеваат во тоа кога се во прашање нивните блиски.

Скорпија – вистински ужас

Припадниците на овој знак провоцираат со својата тврдоглавост дури и тогаш кога не им е важно да бидат во право.

Тие го користат ова како маска со која се трудат да ја испровоцираат другата страна.

Тие се мајстори кога е во прашање контролирањето на сопствените емоции, а некогаш се караат и расправаат чисто за да ѝ покажат на другата страна што се спремни да толерираат, а што не.

Лав – баш ми гајле што зборуваш, бла бла бла, не те слушам!

Припадниците на овој знак се вистинско олицетворение како изгледа едно тврдоглаво дете, независно колку години имаат.

Во состојба се да ви кажат „Не ме интересира што имаш да кажеш, не те слушам“ и да ги затнат ушите, прибегнувајќи кон ниски удари кои немаат врска со расправијата, за да можат имагинарно да ви покажат „дека не сте во право“.

Ако не им попуштите во состојба се и од најмала ситница да направат огромна кавга.