Најдобриот готвач за 2019 година објаснува зошто е важно добро да се запече месото: Во Далмација велат дека месото плаче.

Оваа седмива во шоуто “Три, два, еден – готви!” гостува шефот Хрвоје Зиројевиќ, кој е прогласен за најдобар готвач во 2019 година.

Иван Пажанин го покани за гостин Хрвоје Зиројевиќ во работната единица на Марина и Ренато во приготвување на свинското месо.

Имено, тие му објаснија дека приготвуваат нагло печени свински котлети, а Зиројевич потоа им објасни зошто е важно добро да се запече месото.

“Кога месото малку подолго се пече и ако температурата не е доволно јака, тогаш тое едноставно ги испушта своите сокови. Целта е да се запече добро едната страна, малку повеќе, за да се затворат тие пори и соковите на месото да останат внатре.

Кога поспоро се пече месото, во Далмација се вели дека месото плаче. Ги испушта соковите бидејќи не е добро запечено – објасни шефот Зиројевиќ.