Живееме во време кога животот се одвива многу брзо. Лошата исхрана, загаденоста на водата и воздухот, како и стресните ситуации кои ни се случуваат речиси секојдневно, негативно влијаат врз нашето тело.

Со текот на времето доаѓа до слабеење на нашиот организам кој станува подложен на разни болести кои знаат да бидат упорни и долготрајни.

Последниве години беше актуелна темата за детоксикација на организмот, првенствено, за прочистување на црниот дроб кој и самиот претставува главен филтер за прочистување на крвта.

Црниот дроб има неколку важни улоги за правилно функционирање на организмот: производство на жолчка и нејзин транспорт до главниот жолчен канал, ослободување на крвта од опасни супстанции, складиштење на железото и витамините, улога при регулирање на хормоните и инсулинот, елиминација на старите црвени крвни зрнца.

Поради нездравиот начин на живеење се почесто се јавуваат проблеми со создавање на камења во жолчката.

Посебен проблем претставува што малите каменчиња не можат да се видат со рендген, а доколку на време не се елиминираат би можеле да доведат до сериозни воспаленија.

Како што се зголемуваат каменчињата, постепено црниот дроб ја губи својата функција и произведува помалку жолчен сок, што доведува до пораст на холестеролот.

Алкохолот и кофеинот се главните виновници за таложење на токсини во црниот дроб. Потребно е редуцирање на нивното консумирање и нивна замена со свежи сокови, вода или чаеви и лимонада.

Промената во животните навики кои вклучуваат елиминација на стресот и секојдневно вежбање се од есенцијално значење за елиминирање на штетните материи од организмот.

РЕЦЕПТИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ЦРНИОТ ДРОБ И ИСХРАНА:

Во народната медицина познати се неколку рецепти за чистење на црниот дроб. Најпознатиот рецепт е консумација на мешавина од лимонов сок и маслиново масло, секое утро на гладен стомак.

Потребно е да се испие по една лажица масло и сок од лимон, а потоа може слободно да се појадува.

Овој рецепт може да се применува во текот на целиот живот, а ефектите се забележуваат веќе после еден месец, кога исчезнуваат темните подочници а кожата станува посвежа и затегната, а воедно се решава и проблемот со опстипација и проблемите со дигестија.

Популарна е и тридневната детоксикација на црниот дроб, која прво вклучува подготовка на овој орган, низ едноседмична вегетаријанска исхрана. После оваа диета, првите два дена се консумира само свежо цеден сок од јаболка.

Третиот ден до 18 часот де пие сок од јаболко и тогаш започнува подготовката на црниот дроб. Во лежечка положба на страната од црниот дроб потребно е да се стави топол термофор а потоа на секои 25 минути да се пијат по три лажици маслиново масло и лимонов сок одеднаш (по околу 200 мл масло и сок од лимон за еден третман). После овој третман доаѓа до исфрлање на токсини и каменчиња.

ПОПУЛАРНОТО „СМУДИ“ – ОДЛИЧНО ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ТЕЛОТО ОД ТОКСИНИ. 
Еве неколку рецепти со фантастичен вкус:

1.Морков детокс: во блендер измиксајте една репка, еден морков, еден излупен лимон и една рака магдонос.

2.Зелен детокс: измиксајте во блендер половина краставица, една излупена лимета, половина излупен лимон и една чаша блитва.

3.Портокал детокс: во блендер измиксајте 2 излупени портокали, половина гранче целер, еден излупен лимон и половина чаша магдонос.

4.Јаболко детокс: измиксајте две јаболка, два моркови и половина цвекло.

ЗА ДЕТОКСИКАЦИЈА НА ЦРНИОТ ДРОБ ВО ИСХРАНАТА ТРЕБА ДА ГИ ВКЛУЧИТЕ СЛЕДНИТЕ БИЛКИ И ПРОИЗВОДИ:

Морков и репка: богати се со протеини, флавоноиди и бета каротен, кои помагаат во детоксикација.

-Домат: богат со глутатион кој е одличен детоксикант, како и ликопен кој штити од рак на кожа, дојка и бели дробови.

-Цитрон: уште еден извор на глутатион, но и на витамин Ц и антиоксиданси.

-Спанаќ: исто така содржи големи количини на глутатион кој ги чисти токсините од црниот дроб.

-Лимон: богат со витамини, го стимулира црниот дроб и помага при синтеза на токсичните материи и супстанции кои можат да ја апсорбираат водата.

-Зелка: извор на глукозинолат кој е исто така добар за детоксикација.

-Ореви: добар извор на глутатион, омега 3 масни кислеини и аргинин кој помага за нормално чистење на црниот дроб при елиминација на амонијакот.

-Авокадо: суперхрана која помага во производството на глутатион.

-Лук: богат со сулфур, алицин и селен, природно го чисти црниот дроб

-Јаболка: со пектинот и другите состојки е од суштинско значење за ослобудавање од токсините од дигестивниот тракт.

-Лиснат зеленчук: богат со хлорофил кој ги апсорбира токсините, го зголемува производството на жолчка и ги неутрализира тешките метали и пестицидите.

-Зелен чај: содржи катехини кои ефикасно го чистат телото од штетни материи.

-Ладно цедени масла: маслиново, ленено… претставуваат голема поддршка за работата на црниот дроб.

ИСКУСТВОТО НА ВИКТОР И НЕГОВАТА ДИЕТА

“Здраво, јас сум Виктор и имам 43 години. Минатото лето докторот ми рече дека морам да ослабам. Тогаш имав 94 кг, а видок сум 175 см.

Ми рече дека имам замастен црн дроб што не е резултат на алкохол туку на дебелина. Веќе еднаш поминав низ ова и веќе еднаш држев диета со што ја подобрив состојбата.

Но, многу брзо ја вратив тежината и еве пак имав замастен црн дроб. И железото во крвта не ми беше добро.

Мојот лекар е ОК ама очигледно не знае многу да објасни за храната. Само ми рече да јадам помалку калорична храна, да одбегнувам пржено и газирани сокови и толку. За толку и сам си знаев.

Ми испечати и список со намирници и нивна калориска вредност. Му се заблагодарив на лекарот, но кога си отидов од кај него знаев дека треба нешто да преземам.

Како и да е, почнав да јадам помалку. Почнав повеќе да вежбам од порано и секој ден возев 30 мин статичен велосипед.

Инстинктивно го елиминирав лебот и тестенините од мојата исхрана и почнав да јадам многу малку, околу 1200 калории дневно. Бев често гладен, но бев решен да издржам. Почнав да водам и дневник на она што го јадев и ги броев калориите.

Сега мислам дека е грешка човек толку да гладува и да брои калории, но тогаш бев очаен и не знаев што да правам.
Ослабев неколку кг, но по 3 месеци не можев да мрднам, а јадев само по 1200 калории на ден!

Се исплашив и почнав да пребарувам на интернет за јо-јо ефектот и како да го одбегнам зошто бев во паника, а сакав пак да почнам да јадам повеќе. Цело време бев гладен! За жал, не најдов ништо корисно.

Случајно налетав на исхраната која се базира на многу мал внес на јаглехидрати и на Аткинсоновата диета.
Почнав да ги применувам и уоу! Бев суперзадоволен. Почнав пак да слабеам и стигнав до 70 кг.

Мојата тежина не се спушташе пребрзо (меѓу половина килограм и килограм седмично, мислам) и повремено малку качував, ама одев горе-долу до 1 кг.

Не вежбам толку колку порано. Не гладувам и се чувствувам многу добро!
Мојот тековен внес на јаглени хидрати е ограничен на дневна доза на пробиотици (кефир) и зеленчукова салата, парче пиперка, брокул и др. Овде и таму. Едвај јадам овошје и избегнувам нешто што содржи глутен. Се разбира, без тестенини, леб или компири.

Моите трансаминази се совршени (мојот масен црн дроб сега е како на бебе) и престанав да земам лекови. По намалувањето на лекот за рефлукс почнав да спијам убаво.