Намачкајте се со ова за да ги избришете дамките од лицето

Дали знаете што е хиперпигментација?

Тоа е пореметување во организмот, при кое се појавуваат темни места на кожата предизвикани од големи количини на меланин, што на кожата и дава потемен пигмент.

Пореметувањето со пигментацијата на кожа може да биде предизвикано поради изложување на сончевите Ув зраци (кои го повредуваат меланинот и предизвикува привремена или трајна промена на бојата на кожата), одредени болести, стареење, бременост или повреди, што исто така доведува до пигментирани дамки на кожата.

Овие дамки може да се појават на било кој дел од телото, најчесто на лице и раце.

ДВА РЕЦЕПТИ: Вреди да се пробаат и двата, зошто имаат голем процент на успешност

Првиот рецепт е еден од најдобрите домашни природни рецепти за лекување на хиперпигментација во домашни услови.

Доста е едноставно но ефикасно средство, а се заснова на принципите на древната индиска наука за лекување.

Како да ги елиминирате дамките од лицето, пегите и хиперпигментацијата:

Ќе ви биде потребна една кафена лажичка куркума во прав и една кафена лажичка сок од лимон.

Треба добро да се промешаат овие две состојки и да се стави смесата врз погодените области од лицето.

Почекајте 15-тина минути додека смесата во целост да се исуши.

Исперете со млака вода. После овој третман, не се препорачува изложување на сонце, бидејќи може да предизвика спротивен ефект. Затоа, најдобро е да се користи во вечерните часови.

Продолжете го лекувањето двапати седмично додека да избледат дамките.
Лимоновиот сок ќе ја исчисти кожата и ќе и даде сјај.

Куркумата ќе ја осветли, а исто така, ќе делува антивоспалително на кожата. Многумина ја користат куркумата и за избелување на забите.

Важно е да се напомене дека, доколку имате пречувствителна кожа, или многу сува кожа, лимоновиот сок заменете го со млеко или разблажете го малку вода.

Маска од квасец за пигментирани дамки на кожата

Потребни состојки:

15-20 г свеж квасец
1 лажица свежо исцеден лимонов сок

Постапка:

Квасецот оставете го на собна температура да се одмрзне. Кога ќе омекне ставете го во еден сад, па со пластична или дрвена лажица додавајте од лимоновиот сок со постојано мешање. Состојките треба убаво да се соединат.

Употреба:

Од добиената смеса, ставајте на убаво исчистена кожа, врз пигментираните дамки. 

Оставете да делува 15-20 минути. Потоа, со книжна салвета отстранете ја маската, но не се измивајте со вода до следниот ден наутро.

Loading...