Ова е еден исклучително здрав, зелен напиток кој е корисен за бројни состојби во организмот, но меѓу останатото го карактеризира и тоа што поттикнува согорување на мастите, па затоа е добар сојузник во борбата против вишокот килограми. Поради тоа со право го носи називот НАПИТОК ЗА СЛАБЕЕЊЕ, па еве како гласи рецептот:

Потребни состојки:

  • 1 целер (околу 250 г)
  • 1 краставица (околу 300 г)
  • 2 јаболка (околу 350 г)
  • листови кељ (околу 200 г)
  • 1 корен од ѓумбир (околу 25 г)
  • 1 лимон (сок, околу 25 мл)

Постапка:

Целерот, краставицата, јаболката и ѓумбирот излупете ги, исечете ги на коцкички, па сите заедно со кељот ставете ги во соковник и од тоа направете сок. На крај додадете и сок од лимон, и ете, тоа е тоа, напитокот за слабеење е подготвен за употреба. Може да се пие во било кој период од денот, но најдобар ефект за согоревање на мастите дава кога се пие после оброк.